Оживување на еден од најстарите занаети преку спојување на модерното и традиционалното

Atelier Foliage е мал бизнис на талентираната Христина Крстеска која го дава својот мал, но значаен придонес кон зачувување на грнчарството како занает преку саксиите кои рачно ги слика.
Автор: 
Христина Крстеска
Дата: 
July 26, 2023
Време на читање: 
3-5 min

Пред да го направам профилот на Atelier Foliage на социјалните мрежи, долго време размислував дека сакам да почнам нешто свое каде што ќе може да ја изразам мојата креативност и да работам со сликарство. Ракотворбите отсекогаш ги сакав, а со сликарството сум растена од мала. Кога размислував што би сакала да работам во животот секогаш повеќе ме влечеа пипливите работи, она што се работи рачно и физички може да се допре. Никогаш не сум тргнала по патот на дигиталното креирање, не можев да се замислам работата да ми биде пред екран. Периодот на ковид ми отвори можност да размислувам повеќе на оваа тема, да пробувам и експериментирам со нови работи. Прво започнав со сликање на стаклени шишиња, со специјални бои за стакло. Шишенцата ги собирав од користена амбалажа, многу бев среќна што им давав можност за втор живот, во функција на вазна. Таа година започнав и со одгледување на повеќе растенија во домот, следев и многу профили на социјалните мрежи со слични содржини за растенија, а секако заедно со растенијата доаѓаат и саксиите. Па така, имав желба да си нацртам глинени саксии за моја употреба, а подоцна се роди и идејата да го започнам мојот мал бизнис.

Кога размислував што би сакала да работам во животот секогаш повеќе ме влечеа пипливите работи, она што се работи рачно и физички може да се допре. Никогаш не сум тргнала по патот на дигиталното креирање, не можев да се замислам работата да ми биде пред екран.

Барајќи глинени саксии на кои што ќе можам да цртам, сфатив дека понудата на нашиот пазар за глинени саксии е многу мала, односно тогаш имаше само еден ист модел на глинени саксии во сите продавници кои што ги прошетав. Тој модел беше фабричка изработка, увезени од надвор. Она што јас го барав беше обична цилиндар форма на саксија. Тогаш, си помислив, зошто јас да не пробам да нарачам таков модел на саксија да ми изработи некој од нашите грнчари? Знам дека ги има повеќе, како мала сум била и во посета на грнчарска работилница во с.Вранештица, па бев запознаена со нивната работа веќе. Така започна мојата соработка со локални грнчари за изработка на саксии и од обична цилиндар саксија, постепено прерасна во многу различни уникатни модели.

Многу би ми било полесно да работев само со купечки саксии од големопродажните маркети, но ракотворбите на грнчарите навистина се незаменливи. Самиот момент на мало производство, уникатни модели, локална изработка и користење на локални ресури не само што е еколошки, туку е и магичен.

Досега сум земала саксии од кај повеќе грнчари, и мора да признаам дека целата соработка и комуникација не оди баш најлесно. Не секогаш работите испаѓале јас како што сум замислила, мораше да се прави и компромис. Многу би ми било полесно да работев само со купечките саксии од големопродажните маркети, но ракотворбите на грнчарите навистина се незаменливи. Бев истрајна и со взаемно разбирање продолжив со оваа идеја. Самиот момент на мало производство, уникатни модели, локална изработка, користење на локални ресури, целиот процес на грнчарската изработка не само што е еколошки, туку е и магичен.

Грнчарството е еден од најстарите занаети кај нас, за жал скоро заборавен. Како што модерниот свет и брзото фабричко производство ги надвладува старите занаети и уметности, сѐ повеќе тој станува занает во изумирање. Мојата желба со овој мал бизнис е да понудам производи кои би се вклопиле во современото уредување, а се изработени на традиционален начин, односно, да ги сплотам традицијата со современиот дизајн, за на крај сами по себе да изгледаат како мало уметничко парче. Така, нашите саксии ги доживувам како многу повеќе од само дом за растенијата и се обидувам тоа да го пренесам и на другите.

Грнчарската работилница каде што се изработуваат саксиите за Atelier Foliage

Atelier Foliage е дел од нашата мрежа на зелени и општествено одговорни бизниси. Повеќе информации за тоа што нуди и како овој бизнис прави промена во нашето општество може да најдете на целосниот профил на овој бизнис на нашата веб-страница, или пак на нивниот Instagram или Facebook профил.

Христина Крстеска

Христина е магистриран ликовен уметник - сликар. Моментално работи како интердисциплинарен визуелен уметник и истражувач, чии теми на интерес се карпите, животната средина, естетиката на пејзажот и слично. Во декември 2020год го започна својот мал бизнис за рачно насликани глинени саксии, Atelier Foliage и до денес, покрај останатите активности активно работи и со него.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link