Atelier Foliage

Што нудиме?
Слики и други креативни производи изработени од хербаризирани растенија, како и услуга за зачувување на букети.
Најбарани производи/услуги:
/
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
На инстаграм и на мејл
Информации за достава:
Достава по карго, Лична достава до купувачот, Купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Atelier Foliage е креативно студио за изработка на слики од хербаризирани растенија и производи од самостврднувачка глина. Овој профил е предводен од ликовен уметник и љубител на природа, па затоа и нуди производи изработени од природни материјали. Сликите од хербаризирани растенија се авторски примероци, но исто така може да се направат и персонализирани нарачки (лого, буква, симбол и др.). Освен готовите производи, профилот нуди услуга за зачувување на ваш сентиментален букет како траен спомен во рамка.

No items found.

Интересен податок

,,
Можеме да го зачуваме твојот бидермаер и да го урамиш како слика за дома

„Во процесот на пакување користам реупотребени материјали, вклучувајќи стиропор или аеропласт (само за испраќање по карго), но исклучиво доколку имам собрано од некоја продавница што отпакувала роба, не ги купувам. Исто така употребувам пакети најдени од различни продавници.”

Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени
Рачна изработка
Локално производство
Без пластика