Работилница Еко населени места за дигитални номади во Македонија

Работилницата се одржа на 9 ноември 2025 во Public Room, во склоп на Skopje Design Week, и имаше за цел да ја истражи можноста за создавање еко-културни центри за дигитални номади во Македонија. Идејата за оваа работилница е да биде почеток на подолгорочен процес кој ќе продолжи со други сесии, мапирање на напуштени објекти, истражување на локални приказни, и создавање долгорочни еко-решенија што ќе ги поврзат дигиталните номади со македонските заедници, на начин што носипридобивки и за едните и за другите.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
November 15, 2025
Време на читање: 
5 min+

Работилницата ја водеше М-арх. Сара Коцевска, ко-основачка на „Yes for Less“ - платформа за одржлив живот и мрежа од зелени бизниси. Таа се одржа на 9 ноември 2025 во Public Room, во склоп на Skopje Design Week, и имаше за цел да ја истражи можноста за создавање еко-културни центри за дигитални номади во Македонија. Идејата за оваа работилница е да биде почеток на подолгорочен процес кој ќе продолжи со други сесии, мапирање на напуштени објекти, истражување на локални приказни, и создавање долгорочни еко-решенија што ќе ги поврзат дигиталните номади со македонските заедници, на начин што носипридобивки и за едните и за другите.


‍Цели на работилницата

  • Идентификација на македонски села и мали градови со потенцијал за развој како центри за дигитални номади.
  • Поттикнување локален развој и ревитализација на запуштени населби.
  • Валоризација на природното и културното наследство.
  • Развивање долгорочна визија за пристап, партнерства и активности.

Планирани се и:

  • Реставрации на стари куќи, јавни згради и училишта.
  • Простори за коворкинг и коливинг.
  • Интеграција на локална храна, култура и традиции.
  • Промотивни материјали и настани кои ја поттикнуваат оваа визија.

Што претставува еко-дестинација за дигитални номади?

Тоае населено место кое:

  • Нуди добра интернет мрежа, јавни простори за работа, поволни услови за живот.
  • Го почитува и интегрира локалното население и културни традиции.
  • Поттикнува одржлив начин на живот и минимално влијание врз животната средина.

Во презентацијата беше истакнато и што не треба да се случи, преку примерот на Бали, односно премногу туристи, поскапување на имотот на локалците, лоша интеграција како и еколошки ипроблеми поврзани со биодиверзитетот.

Наспроти тоа, добрите примери од Европа (Италија, Србија, Бугарија) покажуваат дека е возможно враќање на животот во селата и малите градови преку дигиталното номадство, преку:

  • адаптација на празни објекти,
  • локални бизниси,
  • културни и спортски активности,
  • привлечни програми за престој.

Зошто ова е важно за Македонија?

Поради:

  • иселување и демографски промени,
  • недоволно искористени природни и културни ресурси,
  • потреба од нови економски модели.

Македонија сè уште нема номадска виза, но е добра дестинација за дигитални работници поради:

  • ниски трошоци,
  • природа,
  • култура,
  • безбедност,
  • потенцијал за заеднички развој.

Критериуми за избор

При изборот на потенцијални еко-населени точки, користевме десет основни фактори:

  1. Лична и стратешка мотивација
     Секој од групата ја сподели својата мотивација за оваа идеја. Беше навистина убаво да се видат мотивирани луѓе кои имаат конкретни идеи и планови за акција за враќање во своите родни села/градови, но и такви кои веќе живеат таков или сличен начин на живот.
  2. Природа и животна средина
       Природни убавини, квалитетот на животната средина инт.
  3. Живост и соработка со локални граѓани
       Колку е населението активно, отворено за партнерство и учество во иницијативи.
  4. Инфраструктура и подготвеност за работа
       Дали имаат физички и дигитални простори за работа, соодветни услови за номади да работат оддалеку.
  5. Поврзаност со други земји
       Транспортни опции, аеродроми, гранични премини - колку е лесно дој­дењето и заминувањето.
  6. Соодветност за таргет групата
       Дали местото одговара на потребите на дигиталните номади (работен ритам, удобност, култура).
  7. Културно наследство
       Богатството на локалната култура, историја и традиции, што може да биде привлечно за номадите.
  8. Потенцијал за одржливост
       Еколошки проекти, зелени иницијативи и планови за долгорочен одржлив развој.
  9. Економија
       Од што живее околината - локалните економски активности, ресурси, туристички или земјоделски потенцијал.
  10. Интернет мрежа
       Брзина, стабилност и покриеност на интернет, што е многу важно за дигитални номади.

Локации кои беа разгледувани

Како потенцијални примери ги разгледавме:

  • Кратово - историја, архитектура, близина до Скопје.
  • Демир Капија - активен туризам, искачување, винарија.
  • Вевчани - природни убавини, свој локален културен идентитет.
  • Маврово - спорт и природен туризам.
  • Гевгелија - поврзаност со Грција и климатски предности.
  • Богомила - рурален карактер и отворен простор за развој.
  • Љубојно - активно село и близина до Преспа.
  • Преспа - изобилство на природа, вода и мир.
  • Матка - голем туристички интерес и природна атрактивност.
  • Прилеп - културна автентичност.
  • Бања - термоминерално лекувалиште.

Заклучок

Работилницата покажа дека Македонија има многу села и мали градови што поседуваат природни богатства, културен идентитет, и можност за развој на нов тип економија базирана на дигитални работници. Погорните примери беа избрани пред се поради личната и стратешка мотивација, па поради тоа не значи дека нема други локации во Македонија кои не би биле погодни.

Она што е потребно за оваа идејата да продолжи со развивање е:

  • поголема поддршка за одржлив развој,
  • ангажирање и мотивирање на локалното население,
  • продолжување на процесот преку нови работилници и партнерства.

Беше изработена и мапа на Македонија. Повеќе фотографии може да видите на објавата подолу:

Работилницата беше поддржана од Кутмичевица - семеен етно пансион кој ја спојува традицијата, гастрономијата и одржливиот туризам, додека пак канцелариските материјали беа обезбедени од Office Plus. Им благодариме за поддршката!

Долку сте заинтересирани да присуствувате на некоја наредна работилница, или пак доколку сакате да бидете додадени во Вибер група со останатите, пишете ни мејл на: yesforlesss@gmail.com

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link