Сѐ што ти треба за поодржлив начин на живот на едно место

Консумирањето во согласност со твоите вредности е сега возможно. Најди ги сите зелени бизниси, информации и настани потребни за да направиш позитивна
промена за себе и за животната средина.
Приклучи се кон еко-заедницата
Еко-заедница
Најди ги сите информации и производи за поодржлив живот на едно место

Запознај истомисленици

Приклучи се кон еко-заедницата и биди дел од промената
Зелени Бизниси
Добиј видливост пред нашата еко-свесна публика

Стани претпознатлив на зелениот пазар

Можност за вмрежување и меѓусебна поддршка со други бизниси
Животна Средина

Придонеси за почиста и поздрава животна средина

Приклучи се во ширење на еколошката свест во Македонија

За кој тип на производ или сервис бараш еколошка алтернатива?

40+

бизниси кои секојдневно прават позитивна промена за нашата планета

13

различни градови и села вклучени во промената

Дознај како може да живееш поодржливо и инспирирај се од приказните на твои сограѓани кои прават нешто добро за животната средина

Транспарентноста ни е
битна за да знаеме кого
и што поддржуваме

Создадовме 9 етикети кои ќе ти помогнат да избереш производи и услуги кои се во склоп со твоите вредности како личност
Прочитај повеќе

Како и помагаме на нашата еко заедница?

Lorem ipsum бил индустриски стандард кој се користел како модел уште пред 1500 години, кога непознат печатар зел кутија со букви и ги сложил на таков начин за да направи примерок на книга. И не само што овој модел опстанал пет векови туку почнал да се користи.
Игор Јованов
Eco Company
Lorem ipsum бил индустриски стандард кој се користел како модел уште пред 1500 години, кога непознат печатар зел кутија со букви и ги сложил на таков начин за да направи примерок на книга. И не само што овој модел опстанал пет векови туку почнал да се користи.
Игор Јованов
Eco Company
Посветеноста на тимот на Yes for Less на едукација на јавноста преку споделување на локални и свои примери и приказни, добри светски практики и поддршка на претприемачите кои работат одржливо, создава една прекрасна и искрена зелена заедница која постојано расте. Од срце се радувам на нивните успеси и учам и инспирирам како да бидам посовесен граѓанин.
Ирина Т.
Модна дизајнерка
Колку ми олеснува блиската средина - толку и правам некои мали промени, а надежно тие се само почетокот. Ја сакам и почитувам природата, а исто така многу почитувам кога на некој му се гледа дека зборува со љубов и некои работи ги прави од срце, првенствено за личен мерак, па после се друго и само ќе кажам - кај вас две тоа се гледа! Се гледа желбата, се гледа искреноста, се гледа грижата ❤️ Само напред девојки 🍀
Ана Р.
Графички дизајнер, 31 г.
Yes for less или моето алтер его. Движење кое секој родител треба да го следи и да ги едуцира своите деца на начинот на кој тие нѐ поттикнуваат секојдневно. Затоа што ова ни е единствена планета, а вашата едукација, на едноставен начин ни овозможува посвесно да ги користиме сите ресурси и да учествуваме во процесот на создавање почиста и поздрава иднина за идните поколенија. Ви благодарам!
Елена Г.
Еко ентузијаст, мајка и автор на играта "Врти од А до Ш''
Светла точка на социјалните медиуми (и на ширење еко позитивност меѓу младите). Фала ви што несебично придонесувате секојдневно да се едуцираме сите ние што сакаме да се потрудиме барем за нијанса да ја оставиме Земјата почиста и посакана за следните генерации. Keep up the good (eco) work! 🌱
Билјана З.
Freelance фотограф, 27 г.
Социјалните мрежи некогаш знаат да бидат и место на инспирација па токму таков е профилот Yes for Less - една позитивна оаза од каде секојдневно можеш да научиш, да се инспирираш и да се мотивираш да живееш поодржливо. Секогаш отворени за дискусија, Кате и Сара се девојки кои несебично двојат од своето слободно време за да придонесат кон градење на еко навиките на македонската Инста публика. Со секоја нова објава ни покажуваат дека не само што мораме туку и дека буквално можеме да живееме со помалку, само треба некој да нѐ потсети на големата слика, дека сѐ што правиме се одразува на природата, а со тоа и на нас. Фала ви Yes for Less!
Бисера С.
Истражувач, 27 г.
Среќата се множи когa се дели, па ние ја поделивме благодарение на екипата на Yes for Less кои беа наши иницијатори да станеме дел од проектот "Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија" и да добиеме дури два грантови за развој на нашите идеи.
Јана, Фросина и Сара
Ignea Cosmetics
Оригинален профил за овие простори и многу корисен. Профил кој остава трага и влијае на гледачите. Посакувам да имаме повеќе вакви профили на македонски јазик со кои следачите ќе имаат можност да дознаат повеќе за зачувување на природата.
Вера Г.
Програмер, 40 г.
Доколку сакате да се едуцирате за екологија обавезно треба да ги следите сите објави на Yes for Less. Мене лично ме воодушеви фактот дека од стари пижами може да се направи навлака за перница и дефинитивно ќе го применам тој трик на реупотреба.
Маги М.
Економист, 30 г.

Заследи нè и придружи ни се во промената!