ЕКО НАСЕЛЕНИ МЕСТА ЗА ДИГИТАЛНИ НОМАДИ – Отворен повик за учество на работилница на идеи и дизајн решенија за локален развој преку одржлив туризам и коворкинг заедници

Платформата Yes for Less, во соработка со Public Room и во склоп на Skopje Design Week, отвора повик за учество во работилница под наслов: „Еко населени места за дигитални номади во Македонија“. Работилницата е поддржана од Кутмичевица - семеен етно пансион кој ја спојува традицијата, гастрономијата и одржливиот туризам.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
November 1, 2025
Време на читање: 
3-5 min

Платформата Yes for Less, во соработка со Public Room и во склоп на Skopje Design Week, отвора повик за учество во работилница под наслов: „Еко населени места за дигитални номади во Македонија“. Работилницата е поддржана од Кутмичевица - семеен етно пансион кој ја спојува традицијата, гастрономијата и одржливиот туризам.

Дата: 9ти ноември (недела)

Час: 14:00 - 18:00 часот

Линк за пријава: https://forms.gle/ZxkPs4EA7jmaezAcA

Краен рок за пријавување: 5ти ноември 23:55ч. (среда)

Учество: 250ден. со кои ја поддржуваш работата на Yes for Less за организација на наредни настани

За да го потврдиш учеството освен со пополнување на овој формулар, потребно е да извршиш уплата на сметка: 200002635989057. Назив на налогодавач: Сара Коцевска; Шифра: 930 - Останати плаќања; Цел на дознака: Yes for Less

ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА
Да се идентификуваат најпогодните места во Македонија за создавање еко културно и социјални центри за дигитални номади (и домашни и странски). Со тоа ќе се поттикне локален развој, оживување на селата и промоција на македонските природни и културни убавини.

КОЈ СЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
Сите поединци, архитекти, урбанисти, дизајнери, студенти, етнолози, истражувачи, претприемачи, ентузијасти и групи кои имаат идеи за одржлив туризам, културно оживување и рурална регенерација. Секој може да биде учесник, со и без претходно знаење на оваа тема. Нема ограничување ниту за возраст, ниту за пол, ниту за професија.

ПРЕДАВАЧ
Сара Коцевска, архитектка од Скопје со образование од Politecnico di Milano-Италија, која моментално живее и работи во Париз. Таа е ко-основачка на Yes for Less - здружение за еколошка едукација со платформа за одржлив живот и мрежа на 50+ зелени бизниси. Нејзината работа ги поврзува архитектурата, одржливоста и заедницата, а особено ја инспирираат темите за заштита на објектите од културно значење и развој на еко-населби за дигитални номади.  

ПОСАКУВАНИ ДИЗАЈН РЕШЕНИЈА
За време на работилницата ќе се развиваат следниве идеи:

  • Идентификација на села и мали градови со најголем потенцијал за развој на еко-центри.
  • Концепти за обновување и реставрација на празни куќи, училишта или јавни простори.
  • Дизајн на заеднички простори за живеење и работа (коворкинг, коливинг).
  • Интеграција на локалната гастрономија, култура и традиции во животот на заедницата.
  • Визии за урбанистички решенија (еко-градини, културни настани, зелена инфраструктура).
  • Едукативни и промотивни материјали за привлекување дигитални номади во Македонија.

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link