Како да изреагираш кога некој пред тебе фрла ѓубре на улица?

Си шеткаш низ парк и освен од убавина, те облива среќа и од глетката без ѓубре...и токму во тој момент пред тебе гледаш како ´случајно´ паѓа пластична кеса од раката на личноста која оди пред тебе.
Автор: 
Марко Гапо
Дата: 
July 12, 2023
Време на читање: 
1-3 min

Си шеткаш низ парк и освен од убавина, те облива среќа и од глетката без ѓубре...и токму во тој момент пред тебе гледаш како ´случајно´ паѓа пластична кеса од раката на личноста која оди пред тебе. Сега наместо среќа почнува да те облива лутина и ти проаѓаат триста мисли низ глава. Да му кажам - Еј дечко, корпата е на 5 метри од тебе! Или пак - Госпоѓо, дали ова беше случајност или намерно го фрливте ѓубрето? Во овие моменти кога во исто време имаме силен наплив на емоции и треба да изреагираме брзо, често пати не знаеме кој е правилниот начин да се пристапи до неодговорните личности кои оставаат ѓубре позади себе.

Марко Гапо од еколошкото движење ´За почиста Македонија´ ги разгледува двата најчести начини на кои мнозинството од луѓето би изреагирале, и кој ефект секој од нив ќе го има врз личноста која го фрлила ѓубрето.

1. Агресивна реакција


„Кај фрлаш бе, сељак!“ На овој начин најчесто се предизвикува дефанзивна и агресивна реакција од сторителот кој може да возврати со контра-вулгарна реплика, инает и негирање или игнорирање на фрлениот отпад, па дури и закана за физичка пресметка. Со ваква реакција освен што ја си ја исфрламе сопствената лутина врз друг и во моментот делува задоволително, не постигнуваме ништо и напротив на овој начин потенцијално ги зацврстуваме лошите навики на сторителите.

2. Смирена и неутрална реакција


„Извини, ти падна нешто...“, „Случајно ти падна ова, така?“ На овој начин често се предизвикува збунетост и запрашување кај сторителот со што им се дава момент да размислат за стореното дело. Честопати одговараат со „Не ми панда, го фрлив...“ по што следува засрамена реакција, па дури понекогаш и поправање на грешката и кревање на отпадот откако ќе ја сфатат „финтата“.

Двата начина се испробани во повеќе ситуации. Првиот никогаш не успева. Вториот функционира кај 80% од луѓето. Сепак, голем дел од нив ќе продолжат да фрлаат секаде, но мал процент од нив секогаш ќе се присеќаваат на тој момент кога некој им пристапил на таков начин и ќе подразмислат поубаво. Тој мал процент е значаен. Доколку вистински сакаме да влијаеме на луѓето околу нас, секогаш е попродуктивно да постапуваме на вториот начин, колку и да ни доаѓа импулсивно да постапиме на првиот.

Марко Гапо

Марко Гапо е активист и ко-основач на еколошкото движење ''За почиста Македонија'', чија главна цел е проширување на свеста за еколошки начин на живот и ослободување на Македонија од ѓубре.

Предлог блогови за читање

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link