Рецензија на книгата „Hе за повеќе пластика - што можете да промените за да направите разлика“ - Мартин Дори

Бевме поканети да соработуваме и заедно со феминистичката платформа и движење Медуза да ги споделиме нашите омилени книги кои обработуваат разни еколошки тематики.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
April 10, 2024
Време на читање: 
1-3 min

Книга: No more plastic - what you can do to make a difference - Martin Dorey

Превод: Не за повеќе пластика - што можете да промените за да направите разлика - Мартин Дори

Целта на иновациите и подобрувањата на разни производи, услуги и технологии кои ги користиме најчесто доаѓа од желбата да живееме поудобно. Како да се скрати на време или отстрани одредена тегоба се нешта кои дизајнерите и оние кои решаваат технички проблеми ги имаат постојано на ум. Но удобноста многу често доаѓа со своја цена која треба да ја плати некој друг. 

Мартин Дори е еко-активист кој го основал движењето 2 Minute Foundation посветено на чистење на океаните од пластика кога се преселил во едно крајбрежно гратче и не можел да се помири со ужасната глетка на плажите кои биле преполни со отпад. Во 2013, Мартин решава да почне да ги чисти плажите, но сфаќа дека му треба помош. Со хаштагот #2minutebeachclean, тој се обратил до пошироката јавност онлајн и ги повикал луѓето да му се придружат. Неговата акција станала толку популарна што на неделно ниво профил го посетувале и до 145.000 луѓе кои понатаму се инспирирале од него да го направат истото во местата каде што живеат. 

„Треба да се ослободиме од тиранијата на удобноста,’’ тврди авторот, потенцирајќи го продорното влијание на културата на удобност, конкретно во однос на пластиката за една употреба. Луѓето гравитираат кон ваквите производи бидејќи се лесни за употреба. Во современото општество, удобноста често има предност пред одржливоста и одговорноста за животната средина. „Со давање на приоритет на удобноста, дозволуваме да бидеме контролирани од систем кој ја приоретизира краткорочната леснотија пред долгорочната одржливост,’’ вели Дори. Свесното отфрлање на удобноста на производите за еднократна употреба во корист на поодржливи алтернативи е клучен чекор за промена, дури и ако тоа бара малку повеќе напор или предизвикува мали непријатности. 

„Hе за повеќе пластика - што можете да промените за да направите разлика’’ се фокусира на индивидуалните чекори што секој од нас може да ги преземе за да ја намали употребата на пластика во секојдневието. Дори смета дека иако системските промени се неопходни, индивидуалните акции исто така играат критична улога во борбата против загадувањето со пластика. Во книгата се спомнати повеќе инспиративни приказни на поединци и заедници кои имплементирале ефективни стратегии за намалување на отпадот од пластика. Овие приказни и заразниот оптимизам на Дори служат како мотивација за читателите да преземат акција и да се приклучат кон глобалното движење за намалување на негативното влијание од пластиката.

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link