Факти и бројки зошто да бидеш дел од Startup Weekend Sustainability Skopje

Биди и ти дел од првото тематско издание на Startup Weekend Skopje посветено на идеи и решенија кои ќе ни помогнат кон патот за поодржлива иднина.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
October 4, 2023
Време на читање: 
1-3 min

Во пресрет на климатските промени и непрекинатото исцрпување на природните ресурси на глобално ниво, неизбежно е да се адресира проблемот и превземат мерки уште веднаш.

Во својата основа, одржливоста нѐ предизвикува да се однесуваме порационално кон природата, да најдеме начин за намалувалување на нашиот еколошки отпечаток и минимизирање на негативните влијанија врз екосистемите и биодиверзитетот.

Патот кон одржливоста е колективна одговорност и секој чекор што го преземаме нѐ доближува до посветла, похармонична иднина.

Затоа, БИДИ ТИ еден од пионерите на движењето за позелена планета и пријави се со своја идеја на Startup Weekend Sustainability Skopje!

Во продолжение откриј го Startup Weekend низ факти и бројки и мотивирај се да учествуваш на Startup Weekend Sustainability Skopje:

- Над 36% од стартап бизнисите продолжуваат да растат по 3 месеци. - Ова е прилика за учесниците на Startup Weekend Sustainability Skopje да ја започнат својата претприемачка приказна и да продолжат да растат.

- Околу 80% од учесниците планираат да продолжат да работат со својот тим или бизнис по викендот - Затоа не ја штеди твојата идеја, дојди да ја споделиш со светот!

- Организирани повеќе од 3,000 глобални настани и 400,000 учесници досега - Techstars Startup Weekend има долгогодишна историја на успешни настани ширум светот, целокупната мрежа на учесници и ментори кои се вклучени во Techstars Startup Weekend е непроценлива.

- 150+ земји домаќини - Својата глобална застапеност, го прави овој настан уникатен и инклузивен.

- Оваа година го вбројуваме 12-тото издание во Скопје - Startup Weekend Skopje е непрекината приказна на иновација и претприемачки дух во нашиот град.

- Прв пат Тематски Startup Weekend Skopje: оваа година, Startup Weekend Skopje дебитира како прво тематско издание, посветено на “Sustainability”.

- Од Eco-Friendly Стартапи кои се развиле на Startup Weekend Skopje и се одржливи издвојуваме 2 успешни приказни: Challenger и Ways2Help.

- 3 денa исполнети со иновации, креативност, тимскa работа, нови пријателства и добра музика, денови за кои доoooлгоooo ќе раскажуваш.

- 7 Евра за карта со вклучени оброци и пијалоци. - Твојот билет за Startup Weekend Skopje не само што ви овозможува пристап до овој возбудлив настан, туку вклучува и 7 вкусни оброци и пијачки во текот на трите дена. На тебе и твојот тим останува само да се фокусирате на развој на идеjата.

Techstars Startup Weekend Sustainability Skopje ги обединува младите иноватори, ентузијасти и претприемачи во три дена исполнети со иновации и креативност. Со Techstars Startup Weekend Sustainability Skopje, имаме можност да формираме подобра и поодржлива иднина и да наметнеме позитивни промени.

Придружи ни се во движењето за подобро и зелено општество и веднаш се пријави се за настанот преку ЛИНК.

За повеќе информации околу настанот, посети ги официјалните профили на Facebook и Инстаграм.

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link