Skopje Design Week 2025 - Отворен повик за пријава на саем на ЕКО бизниси

Автор: 
Yes for Less
Дата: 
September 23, 2025
Време на читање: 
3-5 min

После 2 години од нашиот успешен есенски еко саем, со радост ви соопштуваме дека оваа есен повторно се враќаме со истиот настан 🥰 Не знаете колку се радуваме и едвај чекаме!

Ве покануваме на Саемот на еко бизниси кој ќе се одржи на 8-9ти ноември во склоп на и коорганизиран со Skopje Design Week и Public room, на кои сакаме да им се заблагодариме за можноста да соработуваме. 🙌🏻

Ќе има простор за претставување на 25 различни еко-бизниси. Дел од местата се веќе пополнети од страна на поддржувачите-членки на нашата мрежа, кои што имаа предност при пријавувањето. Сепак, остануваат места и за оние кои сѐ уште не се дел од Yes for Less мрежата на еко-бизниси.

Побрзајте и пријавете се до 29.09ти, на нашиот инстаграм Yes for Less Mk или на мејл: yesforlesss@gmail.com 

Време тече сега ⏱️

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link