Книга: Talking to My Daughter About the Economy: or, How Capitalism Works—and How It Fails - Yanis Varoufakis
Превод: Зборувајќи ѝ на ќерка ми за економијата: или, како функционира капитализмот и како потфрла - Јанис Вароуфакис
Според истакнатиот економист Јанис Вароуфакис, секој треба да има основни познавања од економијата. За таа цел, ја пишува оваа книга како едно долго писмо до својата млада ќерка за да ѝ објасни како функционира сегашната економија, од каде потекнува и како им користи на едни, додека осиромашува други. Тој смета дека оваа наука е премногу важна за да им се остави само на експертите, и затоа сака да ја доближи и до пошироката публика која обично смета дека е прекомплексна или досадна.
Почнувајќи уште од праисторијата, Јанис ги води читателите низ разни историски периоди и настани и го објаснува настанокот на пазарот на недвижности, пазарот на трудот, почетоците на капитализмот и други комплексни економски концепти. Притоа, користи едноставен јазик, лесно разбирлив дури и за најмладата публика.
Aнализирајќи ги придобивките и потфрлувањата на капиталистичкиот систем, како и глобалното незадоволството кај луѓето, Јанис тврди дека пазарното општество не успеало во она што се стреми да го оствари – да ги задоволи сите наши потреби со цел да нѐ направи посреќни. Тој заклучува дека доколку продолжиме вака, природните ресурси кои моментално ни припаѓаат на сите нас ќе се приватизираат и ќе завршат во рацете на најмоќните и најбогатите.
Тој смета дека едно рационално општество треба да го демократизира не само менаџирањето на јавните пари, туку и менаџирањето на природните ресурси и екосистемите каде секој еден, без разлика дали е богат или сиромашен, има еден единствен глас.