Yes for Less - едни од двата победници на натпреварот за социјално претприемништво RISE Journey II

Yes for Less беше избрана како една од двете победнички идеи со најмногу потенцијал за развој и придонес на натпреварот за социјално претприемништво RISE Journey организиран од здружението за социјални иновации ‘‘АРНО’’.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
July 12, 2023
Време на читање: 
3-5 min

На 16-ти февруари 2022, во „Центарот за социјални претпријатија“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките идеи од проектот RISE кој беше имплементиран од Здружението за социјални иновации „АРНО“. Меѓу двата победници бевме и ние, а преку програмата освен тоа што запознавме наши истомисленици, добивме поддршка за развивање на оваа веб страна, продолживме да ја развиваме нашата идеја во рамки на инкубациската фаза која траеше уште околу дополнителни 6 месеци.

Во оваа програма учествуваме заедно со Марко Гапо, кој е активист и ко-основач на еколошкото движење ''За почиста Македонија'', чија главна цел е проширување на свеста за еколошки начин на живот и ослободување на Македонија од ѓубре. Во првата фаза наши ментори беа Михаела Василевска и Димитар Јовевски, додека во Инкубациската фаза ни беше Блета Бегу. Неизмерно сме им благодарни за сите совети и насоки кои ни ги дадоа и за време и по завршувањето на овој проект.

За време на целиот период, од самиот почеток во октомври 2021 па се до јули 2022, покрај предавањата од експерти на одредени теми, домашни задачи и различни предизвици, имавме можност да појдеме на организиран настан и патување во Албанија со цел вмрежување со другите локални групи од Балканот.

Идејата на RISE не е само да се остане заробен во својата земја, туку напротив, да може да се скалира и да се развие и во другите околни. Покрај тоа, имавме можност да одиме на регионална мобилност од неколку дена. Ние одбравме да одиме во Белград, и покрај тоа што претходно сме биле таму, решивме да го доживееме градот на друг начин - со запознавање локални и инспиративни луѓе кои се подготвени да направат позитивна промена за околината и општеството каде што живеат. Нашата тридневна посета се состоеше од два дена полни со состаноци и трчање низ градот и еден ден посветен на тимска работа. Живееме во различни земји, така што тоа што можевме да работиме на нашата идеја лице в лице беше незаборавна прилика! Се сретнавме со тројца претприемачи од Белград, еден од Ниш и со претставници од три локални организации. Соња Дакиќ, која води програма за менторство за луѓе кои сакаат да започнат сопствен бизнис, Александар и Милица од Занатерија и Александар од City&me. Сите тие ни ги кажаа своите приказни за тоа како го започнале своето претприемачко патување и ни дадоа вредни сознанија. Од друга страна, Јелена од Смарт Колектив, Ивана од RYCO и Тијана од Минипогон ни кажаа повеќе за тоа како невладините организации каде што работат водат позитивна промена во Белград и Западен Балкан преку локалните и регионалните проекти што ги имаат. Оваа програма ги надмина нашите очекувања, успеавме да го прошириме нашето знаење за одредени теми и да научиме работи од нивните лични искуства за кои ќе ни требаат месеци да ги научиме, барајќи ги по интернет! Навистина сме благодарни за можноста и побогати со уште неколку контакти на кои би можеле да се потпреме за совет во иднина.

Photo credits: Eco life

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). Додека пак здружението за социјални иновации "АРНО” е локален инкубатор и национална структура која го спроведува 3 годишниот проект заедно со кредибилните партнери од регионот. Неизмерно сме благодарни на сите нив за оваа можност и што верувате во нас.

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link