Во сабота го организираме првиот базар на мали еколошки бизниси

Yes for Less и Europe House Skopje го организираат првиот базар на мали еколошки бизниси во Република Северна Македонија. Целта на настанот е подигнување на еколошката свест, запознавање со малите бизниси кои секојдневно прават позитивна промена за животната средина и ширење на зелената мрежа на бизниси преку заеднички раст.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
October 14, 2023
Време на читање: 
3-5 min

На 21ви октомври во организација на Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for Less и Јуроп хаус Скопје ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси во Република Северна Македонија. Целта на настанот е запознавање со овие бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој во нашата држава, промоција на еколошките алтернативи кои ги нудат во замена за стандардните производи кои секојдневно ги користиме, и со тоа подигнување на еколошката свест и позитивното влијание кои овие бизниси го имаат.

🌱

ПОДДРЖИ еколошки алтернативи

👥

ИНСПИРИРАЈ СЕ од истомисленици

💡

ДОНЕСИ свесни куповни одлуки


📌

Програма:

9:00-11:45ч. Работилница "Зелени бизниси: Комуникација и пристап до потрошувачите", наменета само за бизнисите кои земаат учество на базарот. Предавачот е Игор Мишевски - претприемач, инвеститор, експерт за развој на пазарни системи, основач на Импакт Фондација.

12:00-16:00ч. Базар, отворен и бесплатен за сите посетители

📍

Локација: Бистро Комедија, Скопје

🇪🇺

Јуроп хаус Скопје ја поддржува мисијата на Yes for Less за креирање на мрежа на локални еколошки бизниси кои што на свој начин придонесуваат за одржливиот развој во државата, како и вмрежување на поединци, бизниси и организации со цел заедничко делување за заштита на животната средина. Еко заедницата која Yes for Less ја има изградено во последниве 3 години е главниот двигател на целата оваа приказна. Идејата на двете девојки Сара и Катерина е да се видат и научат добри примери и еколошки практики од европските држави каде тие моментално живеат, но да се адаптираат и имплементираат локално со што би се влијаело тимски и едукативно во нашата земја.

🎶

Ова не е само обичен базар, туку и можност за дружба и запознавање со еко заедницата која, освен поединци, вклучува и над 30 бизниси, од кои 20тина ќе бидат присутни на базарот. Биоразградливи хулахопки, накит од рециклирана пластика, облека од втора рака и природни материјали, житни цевки за пијалаци, освежувачи за простории од кора од портокал се само дел од македонските иновативни и еколошки производи кои ќе може да ги најдете на базарот. Истите ќе бидат понудени од бизнисите Пура Перла, Игнеа, Еко восочни обвивки, KVembroidery, Mирјана Јосифоска, Април 22, О-круг, Креместаре, Уна, Candlenest, Bilkilife, Ellie Art, Ормарче, Органаутс, Втор живот, Натура тиби, Sunilens, Контура, итн.

Изговорот дека еколошките алтернативи не постојат или е тешко да се најдат особено нема да важи наредната сабота. За екстра добра атмосфера ќе се погрижи и DJ Chvare. Ве очекуваме!

Пријави го твоето присуство на фејсбук настанот тука: https://www.facebook.com/events/753842866549458/?ref=newsfeed

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link