Kога отпадот станува уметност - Уникатни рециклирани ламби со јубилејното лого на ПроКредит Банка

По повод 20 години постоење на македонскиот пазар, ПроКредит Банка го спроведе проектот „Рециклирани ламби“ во соработка со уметникот Христо Бојаџиев кој стои позади брендот 2nd cycle.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
September 29, 2023
Време на читање: 
3-5 min

Во согласност со кампањата по повод 20 години постоење на македонскиот пазар, ПроКредит банка го најавува проектот „Рециклирани ламби“ кој е во насока на заложбите за градење на културата на штедење и повторна употреба на предмети како начин на живеење.

Идејата на проектот „Рециклирани ламби“ е поттикнување на вработените да рециклираат предмети од нивниот секојдневен живот, кои повеќе не им се потребни, давајќи им втор живот преку рециклирање. Целта е вработените во ПроКредит банка со заеднички сили да учествуваат во создавањето на креативни уметнички дела, кои не само што се од корист на животната околина, туку служат и како уникатен подарок со приказна за нивните клиенти. Со оваа иницијатива се дава поддршка на локалниот уметник Христо Бојаџиев, кој изработува столни ламби од рециклиран материјал.

За изработка на ламбите беа собрани различни видови на отпад од страна на вработените на ПроКредит Банка

Од отпад до уметничко дело – Втор живот на старите предмети

Уметникот Христо Бојаџиев, инженер по електротехника од Битола, по пензионирањето се посвети на изработката на столни ламби од рециклирани материјали под брендот 2nd cycle, и до сега има изработено околу 500 ламби и 150 тегли.
Креативниот процес на Христо е секогаш различен, а светилки се направени од широк спектар на пронајдени предмети, почнувајќи од стаклени и пластични шишиња, тегли и вазни, до скршени лустери, секакви капачиња, цедиња, делови од велосипеди, па дури и делови од музички инструменти. Тој ги трансформира овие навидум безначајни предмети во украсни предмети, давајќи им втор живот на неупотребливите предмети. Секоја светилка е уникатна, бидејќи уметникот бара совршена комбинација и поставеност на секој пронајден предмет. Изработката е целосно рачна и според авторот Бојаџиев задоволството при изработка е многу повредно од комерцијалната вредност на изработеното дело.

Плод на соработката со уметникот Христо Бојаџиев се повеќе од 50 светлечки ламби изработени од рециклирани предмети собрани од вработените во ПроКредит банка, кои ќе бидат подарени на клиенти и соработници на банката.

Дел од ламбите кои беа изработени во склоп на проектот „Рециклирани ламби“

Со проектот „Рециклирани ламби“, ПроКредит банка ја препознава важноста од намалување на отпадот, зачувување на нашата животна средина и поддршка на локалните уметници, и уште еднаш преку пример покажа дека со прифаќање на концептот за рециклирање и повторна употреба, можеме да го редефинираме нашиот однос со предметите и да поттикнеме поодржлива иднина.

Дарување на една ламба изработена во склоп на овој проект

Yes for Less и ПроКредит Банка ти даваат можност да добиеш една од укинатните ламби изработени од 2nd cycle. За да учествуваш во дарувањето за добивање на ламбата прикажана на сликата подолу, следи ги следниве правила:

1. Заследи ги Инстаграм профилите на @yesforlessmk, @procreditbank_macedonia и @2nd cycle__

2. Тагни во коментар некој на кој би му се допаднале ламбите од 2nd cycle како подарок

3. За двојна шанса за добивка, сподели ја оваа блог статија на стори (не заборавај да го тагнеш профилот на @yesforlessmk за евиденција)

Дарувањето ќе трае до 7.10, а среќниот добитник ќе биде објавен на 8.10. Среќно!

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link