Заедно дишеме - Land art проект на Симона Манчева

Партиципативниот и колаборативниот проект ''Заедно дишеме'' покренува прашања за начинот на кој живееме и се однесуваме спрема природата.
Автор: 
Симона Манчева
Дата: 
July 12, 2023
Време на читање: 
1-3 min

''Порасната со пријатели од различни возрасти, националности, религии, нарав, статус, сите со ист страв и неизвесност за тоа како живееме, каков воздух дишеме се појави идејата за овој проект - Заедно дишеме'', вели Симона. ''Преку мојата работа од 2015та година зборувам за загадениот воздух кој го дишеме, за последиците, а по моето образование увидов дека нашите институции не се отворени за уметниците, како и општествената хиерархија која има огромно влијание врз егзистенцијата на уметниците.

Јас завршив сликарство, но уметноста не се заснова само на сликарството. Затворените институции со камерни поставки, создадоа одделување на уметноста од секојдневното живеење, додека таа е неизбежна во нашето секојдневие.

Климатските промени и пандемијата која сите ја почуствуваме со стравот како, каде и што дишеме, влијаеше за името на овој проект.

Овој проект ќе се обидам и понатаму да се развива нѐ само ликовно и со обуки за рециклирање и зачувување на нашата околина, туку и со различни визуелни истражувања, дигитално, перформативно се со цел да се прикаже заедничкото дишење, движење, соработка и интереси.''

Климатските промени и пандемијата која сите ја почуствуваме со стравот како, каде и што дишеме, влијаеше за името на овој проект.

Повеќе за Симона, како и за нејзините останати проекти може да прочитате на нејзината веб страна.

Изработка на дводимензионални хексагонални форми од природни материјали

Партиципативниот и колаборативниот проект ''Заедно дишеме'' покренува прашања за начинот на кој живееме и се однесуваме спрема природата. Првата етапа од овој проект се одржа помеѓу 5 и 9 август 2022 година, со четиридневна уметничка работилница за креирање ‘ленд арт’ во месноста Лавчани, во близина на Велес. Втората и третата етапа се одржаа во месец септември, октомври и ноември во соработка со Општина Кавадарци.

Ленд арт (Land art) е тип на уметност која се прави директно во постоечкиот пејзаж на одредено место, како на пример обликување на земјата (со камења или со самата земја) во уметнички форми, или пак правење на структури со природни материјали чија цел е да се вклопат во природата како да ги создала самата таа.

Во овој проект освен Симона, учествуваа и уметниците Доротеј Нешовски, Ана Трајкова, Драганчо Таневски и Ристо Јосифовски- Ромбо, Елена Димова Пантелиќ. За реализирање на обуките соработуваме со Елена Данова, КСП Подиум - Јадро, здружението Еко - Центар, НВО Инфо - центар Кавадарци, секторот за хортикултура и Македонски шуми БОР Кавадарци.

Во работилниците учествуваа и дел од локалното население, како и ученици од основните училишта ,,Димката Ангелов Габерот",  ,,Страшо Пинџур" и ООУ ,,Тошо Велков Пепето " кои имаа можност да ја изразат својата креативност и да се инспирираат од природата и природните материјали.

Активностите се реализирани во соработка со КСП Центар-Јадро, во рамките на проектот „Места на дарежливост - трансформативни станици“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Целта на овој проект е да се овозможи активно делување и проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво.
Дел од ленд арт изработките на учесниците во проектот
Повеќе за проектот ''Заедно дишеме'' може да прочитате на Instagram и Facebook профилите на проектот.

Симона Манчева

Симона Манчева е визуелна уметница која магистрирала сликарство. Нејзините интереси се насочени кон испитување на фиктивната реалност и фиктивниот морал кој го живееме откривајќи ги предрасудите и стереотипите кои ја ограничуваат нашата свест и слобода.

Предлог блогови за читање

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link