Zeleno zdravje cosmetics

Што нудиме?
Природна козметика, рачно направени сапуни и масла во многу мали количини.
Најбарани производи/услуги:
Сапун, тврд лосион, торбичка со остатоци од сапуни (zero waste).
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на социјални медиуми.
Информации за достава:
Достава по карго, Купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство.
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Ние сме бренд за 100% природна, висококвалитетна нега и резултати. Нашата мисија е секој човек да се чувствува уверено и задоволно со својот изглед. Lotion bar- нежна комбинација од масло од сладок бадем, пчелин восок и шеа путер, создадена да ја негува кожата и да и подари мекост, мазност и природен сјај. Комбинацијата од нежни етерични масла со антибактериско дејство негуваат сетила за допир и мирис. Рачно изработени сапуни со природни состојки, неодоливи мириси и вистинска грижа во секое парче. Сапуните нежно ја чистат кожата без да ја сушат, благодарение на природните масла и билки кои ја хранат и ја оставаат мека, свежа и балансирана. Целта никогаш не беше да се постигне нешто, туку да се ужива во процесот, промената, истражувањето. Баш како природата нема отпор, само љубов за се што следи. Така настана оваа магија од рачно направени природни производи кои сакаме да ги наречеме козметика.

Природата во наши раце, за мене, за тебе...Нека биде зелено.

No items found.

Интересен податок

,,
Причината зошто започнав со природна козметика беше атопичната кожа на мојот син. Менувајќи ги целосно производите за нега со природни сапуни и масла, неговата кожа драстично се промени кон подобро. Тогаш сфатив дека нема лоша кожа ,има само затруена кожа. Секое парче сапун ,масло ,го правам сама со билки собрани од нашите планини.

Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Без пластика
Рачна изработка
Предводено од жени
Веганско
Вегетаријанско