Zao Makeup

Што нудиме?
100% природна шминка со органска и сертифицирана формула, достапна со дополна (refill)
Најбарани производи/услуги:
Крем руменило, кармин, маскара
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн преку нашиот профил на инстаграм
Информации за достава:
Доставата се врши по карго, или пак купувачот може да го подигне производот од локација
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Шминка со 100% природни состојки, органска и сертифицирана формула. Направени во Франција, нашата шминка е направена од природни состојки како што се растителни масла, восоци и растителни екстракти (бамбус, шеа путер, семки од кајсии, пченка итн.), без синтетички конзерванси и мириси.Нашите состојки од органско земјоделство, а нашите продукти се сертифицирани од Ecocert, што значи дека се од бенефит за кожата и животната средина.Боите во палетите на сите наши продукти, се добиваат исклучиво со употреба на природни пигменти (минерали и растенија).Состојките се внимателно избрани поради нивните специфични својства со цел да се комбинираат најдобрите makeup ефекти (бои, издржливост, текстури...) и придобивки за кожата. Продуктите се со reusable пакување, па следното користење ќе треба да купите само дополна, а не и самото пакување.Самото пакување е направено од бамбус и други растителни материјали кои се биоразградливи.Продуктите се сертифицирани од CosmeBio, Cosmos Organic, Eco Cert, PETA approved и Slow Cosmetics.

No items found.

Интересен податок

,,
Ние двете девојки кои стоиме позади овој бренд имаме исто име - Марија.

Продуктите се направени на принципот на refill, така што по користењето на продуктот, се купува само дополна. Дел од продуктите имаат и исто пакување (пример: маскара и течен коректор) па следниот пат може да купите дополна од друг продукт.

Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Без пластика
Предводено од жени
Повратна амбалажа
Органско
Веганско
Вегетаријанско