Мал тим со големи соништа и јасна визија – тоа сме ние. Нашата приказна започна со еден мал чекор, како секоја друга приказна. Она што нè разликува е нашиот пристап кон смислата на правењето на нештата. Оваа приказна постои за да даде можност на секој да се почуствува уникатен и свој, да има место каде може да го гради својот стил, притоа процесот да биде budget friendly. Да постои место каде нема да се размислува што ќе добијам за тоа што го платив, туку едноставно да се добие најдоброто.
Целта е да создадеме една безбедна околина која ќе биде доверлива, инспиративна и уникатна. Нашата мисија е да внесеме уште повеќе радост во секојдневието, затоа што вистинската убавина почнува со едноставниот момент на искрена насмевка.