Вила Димитрија

Што нудиме?
Место за душевен одмор, доловување на природата од различни аспекти, а во градината на вилата - можност за вкусување органско овошје и зеленчук
Најбарани производи/услуги:
/
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Закажување на престој во вилата преку нашите социјални медиуми (Instagram и Facebook) или на телефонот 076 449 112
Информации за достава:
/
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Вила во село Зовиќ која располага со одлични услови за одмор и рекреација, со можност за возење со велосипед по мариовскиот крај, вкусување на традиционалните јадења, планинарски тури, и посета на манастири. Куќата била изградена во далечната 1836 година, но за време на турското владеење била срушена. Во 1920 година е одново направена, а во 2020 е реставрирана од страна на сопствениците кои решиле да го зачуваат автентичниот стил. Реставрацијата се правеше етапно во текот на 3 години, дел по дел, со цел да се зачува оригиналниот концепт и идеја на градбата, да се доловат старите, етно елементи и традиција и дел од мариовската култура и живеење, освежени со делови од сегашноста.

No items found.

Интересен податок

,,
За Мариовскиот предел карактеристички се мермерите, гнајсевите и микашистите кои се карпи стари повеќе од 1 милијарда години, со што претставуваат едни од најстарите карпи во Балканот, а и во Европа. Во селото Зовиќ тие се појавуваат како нерамни плочи низ целиот терен. На таква една плоча е изградена и самата вила, при што во една од собите наместо рамен под има нерамна карпа што всушност претставува директен допир со земјата каква што е.

No items found.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
No items found.