Urban Farma microgreens

Што нудиме?
Микробилки одгледани на органски кокосов супстрат, без пестициди и хемикалии.
Најбарани производи/услуги:
Грашок, сончоглед, ротква 3 вида.
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на социјални медиуми, онлајн на друга веб страна https://pazarche.net/, физички во сопствена продавница/на локација, на базар и urbanfarmamk@gmail.com.
Информации за достава:
Лична достава до купувачот, купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство, производите може да се подигнат од друга физичка локација.
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Локална урбана фарма за микробилки е мала фарма која е основана од студент по фармација и фармацевт. Микробилките се одгледуваат во контролирани услови, на 100% органски кокосов супстрат на еколошки начин, без додавање пестициди и хемикалии, во текот на цела година. Достапни се 10+ различни видови. Спакувани се во еко крафт кутии а постои и жожност за live верзија, по желба. Финалисти сме во националниот натпревар за Balkan Green Ideas 2026.

No items found.

Интересен податок

,,
Ние сме фамилијарна фарма, син и мајка, а името Фарма има двојно значење и фарма за одгледување и фарма од фармацевт.

За поврат на амбалажа, нудиме 10% попуст при наредна нарачка.

Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Без пластика
Повратна амбалажа
Веганско
Вегетаријанско
Органско