REД или REДизајнирање е идејата позади целиот бренд. Идејата е редизајнирање веќе постоечка облека која што веќе е неатрактивна за човековото око. Користам техника на везење на парчињата облека, како и спојување две или три облеки и создавање едно парче облека. Покрај редизајн, создавам и модни додатоци како ранци и торби кои влагаат во доменот на апциклирање, односно земам парчиња материјал од фабрики, кои за нив се вишок отпаден материјал, а за мене нов продукт.