Перниче Handmade

Што нудиме?
Уникатни рачно изработени перничиња инспирирани од природата
Најбарани производи/услуги:
Перниче Кактусче, перниче Монстера Албо и перниче Ешеверија
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во продавницата за растенија Зелена на бул. Кочо Рацин 75 (види ја мапата подолу) и онлајн нарачки преку нашите социјални медиуми (Instagram и Facebook)
Информации за достава:
Достава по карго, лична достава до купувачот или подигање на производите од локацијата на производство и продавницата на Зелена
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Перниче Handmade е мал бизнис кој се фокусира на креирање уникатни рачно изработени перничиња во облик на листови, кои ја спојуваат природата со уметноста на текстилот.

Секое перниче е внимателно изработено, преку рачно шиење и детално обликување. Бидејќи, целта не е само да изгледа убаво, туку и да биде удобно и функционално. „Перниче“ е за луѓе кои сакаат да ја додадат топлината на рачно изработените производи во своите домови или кои бараат уникатен подарок за специјални прилики.

No items found.

Интересен податок

,,
Ние сме пример за како од една идеја за мал бизнис до прва продажба може да се стигне за помалку од 2 недели :)

Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Предводено од жени
Рачна изработка