Пчеларска фарма и Апи-тераписки центар Алчинов

Што нудиме?
Органски пчелни производи и апи-тераписки услуги
Најбарани производи/услуги:
Прополис, мед, восочни свеќи, апи-инхалација, дегустација на полифлорни медови и суво црвено вино од домашно производство
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Директно од фармата, онлајн нарачка преку социјалните медиуми или пак на телефонските броеви 070 251 257/071 207 833
Информации за достава:
Достава по карго или пак подигање на производите од локацијата на производство во Гевгелија
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Пчеларска фарма АЛЧИНОВ е започната во 1878 година во село Конско, Кожуф планина. Денес, работиме номадско пчеларење каде испашата на пчелите е од 50м.н.в. до 1.750м.н.в. во исклучиво еколошки чисти средини, по принципот на органско квалитетно производство. Од пчелни продукти и нус-продукти произведуваме: мед, мед во саќе, прополис, полен, перга, матичен млеч, пчелин отров, креми за дермална употреба, восочни свеќи, сапуни. Во склоп на Пчеларска фарма Алчинов, во јули,2022 год., го отворивме Апи-тераписки центар Ристо Алчинов, со своја апи-комора за инхалација на пчелниот воздух директно од кошниците со пчели. Апи-комората се наоѓа на најстариот наш пчеларник кој датира од 1950 година, помеѓу град Гевгелија и село Мрзенци.

No items found.

Интересен податок

,,
Ние, Кристијан и Бруно Алчинови, сме 5-та генерација пчелари во нашето семејство. Апи-терапискиот центар е наречен по нашиот дедо, Ристо Алчинов (1930-2022).

Стаклената амбалажа за мед, прополис и матичен млеч е повратна при што се добива попуст од 3% до 7% во зависност од амбалажата која се враќа

Пчеларската фарма Алчинов ја има добиено етикетата за Општествен придонес бидејќи неколку пати годишно, еднодневниот промет го донираат на деца кои имаат потреба од лекување. Исто така доделуваат соодветни пакети/производи на социјално загрозени семејства по повод Велигденските празници, а воедно и на жените-борци со рак. Два пати годишно се дел од организацијата за пошумување и спроведување еко-акции на Кожуф планина и извиднички екскурзии.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Вегетаријанско
Општествен придонес
Повратна амбалажа
Рачна изработка