Ормарче

Што нудиме?
Уникатни веќе користени (од втора рака) парчиња облека, обувки и аксесоари
Најбарани производи/услуги:
Најбарани се уникатни парчиња облека, кои имаат убави детали и се од квалитетен материјал. Не ретко, знае и самиот бренд (популарен) да е пресуден во одлуката за купување.
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Достава по карго, лична достава до купувачот во Скопје или пак купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство
Информации за достава:
Достава по карго
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Ормарче е бренд, концепт кој се залага за одржлива мода. Визијата на Ормарче е да ја крене свеста за штетноста на импулсивното купување, брзата мода и неетичките практики што ги предизвикува на планетата (па и на луѓето)..Мисијата на Ормарче е што повеќе луѓе започнат да користат што е можно повеќе одржливи материјали и продукти кои се пријателски настроени кон планетата (природни материјали, без пластика, реупотреба на работи) и.т.н. На инстаграм страната на Ормарче може да видите голем избор на сезонски супер избрани парчиња облека, едукативни видеа за каде можете да најдете second hand продавници, квалитетни продукти и сл. како и актуелни информации за каде има тековни базари. Целта на Ормарче е купувањето од втора рака да го издигне на друго ниво и да ги побие сите стереотипи што доаѓаат од истото :)

No items found.

Интересен податок

,,
Ормарче постои од крајот на август а присуствувало на 2 базари, го има продолжено животот на најмалку 222 парчиња облека во 12 градови.

Целта за првиот месец на Ормарче беше да опстои и да истражи што е можно повеќе за овој пазар. Паралелно се погоди овој месец "'Проект Среќа"' да имаат организирани донации за дечиња од загрозени семејства (се' потребно од училишен прибор). Сите заработки од месец август и септември, се донираа за прибор на две семејства. Идејата е оваа пракса да продолжи, на различни начини во различни форми.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Рачна изработка
Предводено од жени
Повратна амбалажа
Општествен придонес