Органаутс

Што нудиме?
Уникатно искуство на невообичаени деликатесни производи и додатоци во исхраната од Балканот.
Најбарани производи/услуги:
Маџун
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на нашата веб страна или во продавницата на Добра Земја - Скопје и ДМ и ГП маркетите
Информации за достава:
Доставата е по карго
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

ОРГАНАУТС – „Органски морнари“, е производствена и трговска компанија во потрага да ги најде најдобрите органски производи на долги полици од Балканот и да ги донесе на европските пазари. Сместени во Република Северна Македонија, фокусирани сме на дистрибуција на квалитетни производи од Балканот, обезбедувајќи уникатно искуство на невообичаени деликатесни производи и додатоци во исхраната.

No items found.

Интересен податок

,,
Маџунот е одлично природно лековито средство за зајакнување на имунолошкиот систем, но помага и при настинки и инфекции на респираторниот тракт. Една лажичка Маџун во текот на денот е одлична превенција од овие заболувања и ќе ви помогне да ги одбегнете честите нарушувања на здравјето.Научете ги своите најблиски на здрави прехранбени навики заменувајќи го белиот шеќер со Маџун. Со тоа не само што ќе го подобрите вкусот на тоа што го конзумирате туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на здравјето и психофизичката состојба.

Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Без пластика
Рачна изработка
Веганско
Вегетаријанско
Органско