NICHE Wood Art

Што нудиме?
Рачна изработка на дрвени садови,даски за сервирање и други производи од дрво
Најбарани производи/услуги:
Авани и толчници
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на мојата веб страна, oнлајн на моите социјални медиуми, и на базари и саеми
Информации за достава:
Достава по карго
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Нашата приказна започна од љубовта кон природата и традицијата. Во нашето малечко студио во Струга создаваат раце кои го чувствуваат дрвото - секое парче е уникатно, изработено со внимание, топлина и посветеност. Изработуваме рачно изработени дрвени садови, чинии, даски за сечење и декоративни предмети од природно дрво, со совршен баланс меѓу естетика и функционалност. Секој производ е внимателно обликуван, мазно обработен и заштитен со природни масла, без хемикалии. Нашата мисија е да внесеме топлина, едноставност и природен шарм во секој дом, преку предмети кои траат и раскажуваат приказна. 100% рачна изработка, природни материјали и еко пристап. Секое парче е уникатно.

No items found.

Интересен податок

,,

Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Без пластика
Веганско
Локално производство
Рачна изработка