Natura Tibi

Што нудиме?
Пелени, влажни марамчиња и дамски влошки од Бамбус и без хемикалии. Исто така, глодалки од природна гума и органска козметика за деца
Најбарани производи/услуги:
EcoBoom пелените
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
На нашите социјални медиуми, во Аптека Мери, во Пура Перла како и на сајтот на www.Kidsandco.mk и www.matteoslittlethings.mk
Информации за достава:
Достава по карго
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Natura Tibi е мал семеен бизнис кој се стреми кон здрави алтернативи во секојдневието. Она што е добро за природата, добро е и за човекот. Се водиме по ова мото при изборот на производите кои ги нудиме.

Нашите производи може да се најдат во онлајн детските продавници: На сајтот на Kids&Co или пак matteoslittlethings.mk

No items found.

Интересен податок

,,
Natura Tibi на латински или Nature for You на англиски.

Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени
Без пластика
Органско
Вегетаријанско
Веганско