Еколошката одговорност е нашата појдовна и најважна вредност при создавањето на Moma производите, кои се нежни кон кожата и безопасни за животната средина. Веруваме дека вистинската убавина произлегува од хармонијата помеѓу човекот и природата, па затоа секој наш производ е создаден со почит.
Kористејќи природна козметика, не само што се грижиме за себе, туку стануваме дел од една поширока мисија - подигнување на еколошката свест и поттикнување на одговорни навики кај секој поединец.
Нашите производи се внимателно формулирани од природни состојки: хранливи растителни масла, пчелин восок, етерични масла, богати растителни путери и билни екстракти. Посебен акцент ставаме на состојките од македонското поднебје – глина, пчелин восок и локални растителни масла и билки – со што производите добиваат автентичност, географски квалитет и препознатлив карактер.