Мелем од вкусови

Што нудиме?
Здрави оброци без додатоци како вештачки конзерванси, бои и шеќери
Најбарани производи/услуги:
Пакет за рамен стомак, пакет со три оброци, колагенски десерт
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во нашиот локал во Скопје на бул. Партизански Одреди 29-1/033 (види ја мапата подолу)
Информации за достава:
/
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

За зачувување на здравјето неопходно е самите да се грижиме за него преку избор на храната која ја користиме. Ова за многу кратко време прерасна во една идеја да се отвори место кое што ќе им понуди на потрошувачите избор на здрава храна првенствено додека се на работа, а и после тоа. За сето ова да биде комплетно здраво, мораше да го вметнеме и прашањето кое во тој момент (пролетта 2020) не беше толку актуелно, но години наназад, како и во моментот е особено значајно, а тоа е загадувањето. Заради тоа решивме нашите производи да ги спакуваме во амбалажа која се реупотребува и рециклира.

No items found.

Интересен податок

,,
Зборот МЕЛЕМ значи лек, балсам, еликсир, многу често кај нас можело да се најде во контекст на Мелем за душа или Мелем за рана. Затоа и го избравме токму него, бидејќи храната е таа која најмногу придонесува за физичкото и менталното здравје, а тоа лично го имаме искусено. На ова го додадовме „ОД ВКУСОВИ“ за да се појасни дека здравата храна изобилува со различни вкусови.

Со враќaње на стаклената амбалажа се добива 10% попуст на производите кои се во стакло. За неделните пакети амбалажата е повратна и тоа е вклучено во цената.

Мелем од вкусови ја има добиено етикетата за Општествен придонес бидејќи има спроведено акција за донирање на 30% од потрошената сума над 1000 ден и добивање на книга од македонски автори. Воедно тимот на Мелем од вкусови има учествувано во собирање на парични средства за неколку лица организирано во БрозБазар и поединечно помагање со здрава храна на едно лице.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени
Повратна амбалажа
Локално производство
Општествен придонес
Без пластика
Веганско
Вегетаријанско
Рачна изработка