Мама Органа

Што нудиме?
Природни ѓубрива и супстрати добиени со преработка на биоотпад, создадени за поздрави растенија и почиста животна средина.
Најбарани производи/услуги:
Природно ѓубриво, Супстрат за кактуси и сукуленти, Супстрат за декоративни/собни растенија
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на моите социјални медиуми, и онлајн на: https://eco-habitat.mk/brand/mamaorgana/
Информации за достава:
Достава по карго, Лична достава до купувачот, Купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Мама Органа е социјално претпријатие од Скопје кое се занимава со собирање и преработка на биоотпад, од кој создава природни ѓубрива и супстрати за градинарство и урбано садење. Нашата мисија е да го намалиме количеството отпад што завршува на депонии и да ја поттикнеме циркуларната економија преку одржливо искористување на органските ресурси. Со секој наш производ придонесуваме за поздрава почва, почист воздух и свесно производство без хемикалии. Дополнително, преку нашето работење обезбедуваме економска и социјална поддршка за маргинализирани еднородителски семејства, особено самохрани мајки, вработувајќи ги и овозможувајќи им стабилен извор на приходи. Мама Органа претставува пример како еколошката одговорност и социјалната инклузија можат да се спојат во еден одржлив и позитивен бизнис модел.

No items found.

Интересен податок

,,
"Првите количини компост на Мама Органа ги направивме на балкон во Скопје. Од домашни кофи стигнавме до тони преработен биоотпад и европско признание! Денес сме горди добитници на StartUp Europe Award за иновативен пристап во претворање на биоотпад во корисен ресурс. "

Немаме повратна амбалажа, користиме биоразградлива.

Преку нашето работење обезбедуваме економска и социјална поддршка за маргинализирани еднородителски семејства, особено самохрани мајки, вработувајќи ги и овозможувајќи им стабилен извор на приходи. Дополнително, постојано организираме или се приклучуваме кон иницијативи кои поддржуваат млади, особено од маргинализирани категории.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Без пластика
Предводено од жени
Веганско
Вегетаријанско
Општествен придонес