Luna Aditeya e бренд кој ја негува својата автентичност и тоа е тоа што го прави да отскокнува од сивилото на нашето секојдневие. Luna Aditeya е елеганцијата на андерграундот, спој на нежност и сила. Спој на традиција, екологија и технологија. Luna Aditeya е секоја насмевка што ќе ја упатиш денес кон непознат, за да му/ѝ го направи денот поубав. Luna Aditeya е неуморно работење на себеси за да бидеш подобра личност од вчера. Luna Aditeya е ригорозно кршење на ѕидовите кои те запираат да бидеш тоа што си. Филозофија на живеење која ги поддржува сите во општеството кои го имаат и го користат својот капацитет за успех на својата заедница. Облеката е најсилно средство за изразување. Luna Aditeya овозможува секоја личност која се чувствува како да не припаѓа во „стандардното“ да си го пронајде својот автентичен стил во нашата облека.
За намалување на нашето негативно влијание, го намалуваме отпадот (првенствено текстилниот). На почеток колку што ни дозволуваат условите, но тоа планираме да расте до тој степен каде што ќе празниме продавници за облека (втора рака, бутици) и конфекции.