LoA Naturals е македонски бренд за природна и рачно изработена нега за тело, основан од двајца научници со позадина во хемија и биотехнологија. LoA развива и произведува производи за нега на тело базирани на внимателно одбрани растителни и природни состојки, со комбинирање на научно знаење, традиционални практики и современи пристапи кон одржливото производство. Брендот е насочен кон создавање квалитетни производи со јасна и транспарентна формулација, пријатно корисничко искуство и одговорен однос кон животната средина. Посебен акцент ставаме на локалните ресурси, намалувањето на отпадот и принципите на циркуларната економија. Преку LoA Naturals сакаме природната нега да ја доближиме до современиот потрошувач и постепено да изградиме препознатлив македонски бренд со потенцијал за регионален и поширок пазар.