„Љубов на Втора“ е локален бизнис посветен на повторната употреба на облека и создавање поодржлива алтернатива на брзата мода. Со огромна страст кон циркуларната економија, внимателно селектираме second-hand и винтиџ облека, обувки и модни додатоци и им даваме можност за нов живот и нова приказна. Веруваме дека најодржливото парче често не е она што допрва треба да се произведе, туку она што веќе постои. Преку онлајн продажба, thrift и pop-up настани, градиме култура на повторна употреба и поттикнуваме посвесни потрошувачки навики. За нас, секое повторно избрано парче е циркуларната економија во пракса. Производот останува подолго во употреба, неговата вредност се зачувува, а создавањето отпад се одложува.
Љубов на Втора: Затоа што добрите парчиња заслужуваат да бидат сакани повторно.