LE-NAtura е мал бренд роден во срцето на Малешевијата, од љубов кон природата и желба внимателно да бираме што користиме секој ден. Рачно, во мали серии, создаваме природни дезодоранси, балсами за кожа и усни, како и производи за домот. За секој производ избираме квалитетни состојки и масла и го изработуваме со грижа, од првата идеја до готовото пакување. Нашите козметички производи се микробиолошки испитани во лабораторија. Веруваме дека природата ни дала сè, ние треба само да научиме како да ги користиме нејзините дарови. Затоа се грижиме и за амбалажата: при враќање на празно пакување, клиентите добиваат 10% попуст при следното купување.