KVembroidery

Што нудиме?
Рачно везени декоративни обрачи и останати рачно везени авторски изработки
Најбарани производи/услуги:
Декоративни обрачи, маички, платнени торбички
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн нарачки преку нашите профили на Instagram и Facebook и продажба во живо на разни базари и настани со продажен карактер
Информации за достава:
Достава по карго низ цела држава или пак лично подигнување на производите од Скопје
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

KVembroidery е современ eко пријателски мал бизнис за рачно навезени модерни ракотворби (декоративни обрачи, облека, торбички, несесери, привезоци, перници и други модни додатоци), one of a kind изработени според оригинални дизајни осмислени од ракотворецот. Најчеста инспирација за дизајните се природата и флоралните мотиви. Се посветува внимание на сите етапи во процесот на производство- од изработка до пакување. Се користат природни материјали од локални производители. Пакувањата се еколошки и направени од остатоци од материјали при процесот на изработка, како што се и дополнителните декоративни елементи на пакувањето. Производите во најголема мера се изработуваат само во еден примерок, при што избегнуваме масовно производство на исти производи, а додаваме на вредност на уникатниот примерок. Вредностите на брендот се насочени кон квалитет, одржливост и автентичност.

No items found.

Интересен податок

,,
KVembroidery е меѓу првите кои почнаа да се занимаваат со модерен рачен вез во земјава (2018та година).

KVembroidery ја има добиено етикетата за Општествен придонес бидејќи секоја година донира дел од профитот за различни хуманитарни цели.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Без пластика
Предводено од жени
Рачна изработка
Општествен придонес