Кутмичевица е семејна куќа стара повеќе од два века, чие постоење е длабоко врежано во историјата на Вевчани. Според раскажувањата на постарите генерации, токму во оваа куќа се служела храна за мајсторите кои ја граделе главната селска црква „Св. Никола“ во почетокот на XIX век. Од тие приказни произлезе идејата за реставрација и пренамена на куќата во етно ресторан – простор кој ја чува автентичната архитектура и духот на минатото. Денес, низ оригиналните камени ѕидови, дрвени врати и предмети од секојдневниот живот на нашите предци, Кутмичевица раскажува жива приказна за традицијата, гостопримството и семејните вредности.