JuMi Coffee & Healthy Fast Food

Што нудиме?
Кафе, свежо цедени сокови и здрава храна за носење
Најбарани производи/услуги:
Авокадо брускета, цезар салата и фета омлет сендвич
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во нашиот локал во Гевгелија на ул. Партизанска 27 (види ја мапата подолу) или преку нарачка на телефонот 070 217 211
Информации за достава:
Достава со велосипед во Гевгелија
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

JuMi е приказна што од една страна ги спојува корисниците на здрава храна, а од друга страна е водилка на сите кои сакаат да го подобрат своето здравје преку храната што ја внесуваат. Следејќи ги светските трендови и динамичниот животен стил, креиравме бренд што ќе овозможи квалитетна, балансирана храна подготвена на брз и здрав начин без губење на хранливите состојки, витамините и минералите, а истовремено ќе овозможи пријатен амбиент за сите љубители на кафе и природно свежо цедени сокови да уживаат во ново урбано место, да ги земат со себе или да се испорачат до посакуваното место. Храната се пакува во Еко амбалажа што лесно се рециклира, а купувачите имаат можност да остварат дополнителен попуст за омиленото кафе ако понесат своја чаша за повеќекратна употреба. Позиционирани во Гевгелија, еден од најтоплите градови, убавите сончеви денови ги користиме за вршење на еколошка достава на велосипед, се' со единствена цел за намалување на штетните гасови и зачувување на природата.

No items found.

Интересен податок

,,

За 10 празни шишиња од нашите свежо цедени сокови донесени во нашиот локал, добивате бесплатно кафе по свој избор.

JuMi ја има добиено етикетата за Општествен придонес бидејќи средствата наменети за роденденска прослава ги пренаменија во хуманитарни цели, заедно со 10% од вкупниот промет од една недела. Во план им е оваа акција да стане традиција секоја година. Дополнително од продажба на секаков вид на кафе JuMi одвојуваат по 1 денар за набавка на специјализирани канти за рециклажа што ќе бидат поставени на повеќе локации низ Гевгелија.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Повратна амбалажа
Веганско
Вегетаријанско
Општествен придонес