„Илика“ е млада издавачка куќа која е посветена на издавање и промовирање на книги со еколошка, феминистичка и општествено критичка содржина, а истовремено поседуваат висока естетска вредност. Активно работејќи на поттикнување на читачката култура, „Илика“ редовно организира читачки кружоци, промотивни дискусии и креативни работилници. Во програмата на издавачката куќа може да се најдат наслови за деца и возрасни кои го будат љубопитството за преиспитување на светот во кој живееме и за имагинирање на подобар, поправеден и похуман свет.