Ignea Cosmetics

Што нудиме?
Природна органска козметика без штетни хемикалии, вештачки бои и мирисиси. Погодна за вегани. Освен тоа, нудиме и фитотерапевтски услуги по потреба на клиентот
Најбарани производи/услуги:
Крема за лице Leda, хијалуронски серум со ресвератрол и сквалан серум со витамин Ц
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во продавницата на Иво Лола Рибар 59, Куманово и онлајн нарачки преку нашите социјални медиуми (Instagram и Facebook) или директно на 076 351 535
Информации за достава:
Подигнување на производите од локацијата на производство во Куманово и достава по карго низ цела држава
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Ignea cosmetics се занимава со производство на органска еко козметика. Спаѓа во рамките на аромакозметика бидејќи ги користи бенефитите на етеричните масла за постигнување на соодветен ефект. Ја изработува тим од високо квалификуван кадар од областа на фармацијата, фитотерапијата и козметологијата. Производите се проверени во министерство за здравство.Производите содржат екстракти од билки, ладно цедени нерафинирани масла и путери, цветни водички, етерични масла сите со Еco Cert сертификат или друг сертификат за т.н. " зелена хемија". Нашите производи не содржат штетни хемиски материи парабени, EDTA, триклосан, вештачки бои и мириси, како и нафтени деривати вазелин и парафин. Козметиката е рачно изработена и е во групата на таканаречени home made производи.

No items found.

Интересен податок

,,
Ignea cosmetics се роди како извор на средства за создавање на еко село и помош на социјално маргинализирани групи од општеството. Не спои една иста идеја човекољубие, поврат кон природата, обнова и заштита на природата. Нашето мото е денеска биди подобра верзија од себе во однос на вчера!

Даваме попуст од 10% за наредната нарачка при поврат на амбалажата. Истата ја подигаме при лична достава.

Ignea Cosmetics ја има добиено етикетата за општествен придонес бидејќи дел од профитот го одвојува за пошумување, пермакултурен проект и изградба на самоодржливо домаќинство. Исто така донираат средства на лица од социјално маргинализираните групи од општеството.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Рачна изработка
Повратна амбалажа
Предводено од жени
Без пластика
Веганско
Локално производство
Општествен придонес
Органско