Freya arts and crafts

Што нудиме?
Рачни изработки од air clay, полимерна глина и пенлива глина.
Најбарани производи/услуги:
Лампиони, брошеви и обетки.
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на социјални медиуми, на базари и други настани.
Информации за достава:
Достава по карго, Лична достава до купувачот, Купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство.
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Изработувам накит, бележници, декорирам шољи. Исто така одржувам и креативни работилници, за мали и за возрасни. На работилниците користиме и материјали од природата, како на пример листови од различни видови на дрво кои користат како калап за изработка на декоративни чинии од air clay.

No items found.

Интересен податок

,,
Fun fact е дека започнав со изработка на декорации од волна, а завршив со глина.

Донираме средства за бездомни животни.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Рачна изработка
Предводено од жени
Веганско
Вегетаријанско
Општествен придонес