Filigree LARGO

Што нудиме?
Рачно изработен сребрен накит (од сурово и рециклирано сребро).
Најбарани производи/услуги:
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на моите социјални медиуми и на базари
Информации за достава:
Достава по карго, Лична достава до купувачот, Купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Во Filigree LARGO ќе најдете рачно изработен сребрен накит вотрадиционална филигранска техника, но со сосема нетрадиционален дизајн. Накитот е современ, модерен, несекојдневен. Креаторката на брендот е виолинистка, па низ нежнатаструктура на сребрените жици протекува музика, исто како низ жиците навиолината, давајќи му на секое парче накит уметнички изглед. Дел од накитот е изработен од рециклирано сребро, кое може да се преработува неограничен број пати без да изгуби на квалитет. За разлика од накитот од брзата мода, сребрениот накит е дизајниран да трае цел живот. Тој не е само моден избор, туку е и одржлив - доказ дека елеганцијата и грижата за Планетата Земја можат да одат рака под рака.

No items found.

Интересен податок

,,
По повеќе од 1000 отсвирени концерти, виолината ја заменив со сребро. Искуството стекнато на концертните подиуми ширум светот го пренесувам во накитот и тој станува уметничко дело.

Рачно изработен сребрен накит (од сурово и рециклирано сребро).
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Без пластика
Рачна изработка
Предводено од жени