Еснаф

Што нудиме?
Рачно изработени модни додатоци
Најбарани производи/услуги:
Најбараните типови на производи се ткаени каиши, цртани мандали, но генерално сите производи се уникатни и не се повторуваат
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на нашата веб страна и на социјалните медиуми
Информации за достава:
Достава по карго и лична достава до купувачот
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Еснаф: Приказна што се носи, етички бренд за животен стил.

Еснаф е бренд кој промовира одржливост, автентичност и приказни испреплетени во секој дизајн. Со почит кон традицијата, Esnaf создава безвременски парчиња што инспирираат модерен живот и го оживуваат наследството.Новата колекција, Полиња на времето, е олицетворение на вредностите на Esnaf. Рачно ткаените појаси, создадени на традиционален разбој, се инспирирани од убавините на житните полиња и нивните сезони. Изработени се со природни материјали, кои се остатоци од минати колекции, како памучен конец и златен срмен конец.Esnaf станува препознатлив бренд, чувар на традицијата, кој инспирира автентичен животен стил. Секое парче е приказна што ја носите со себе – сведоштво за убавината на занаетчиството и вредностите на одржливата мода.

No items found.

Интересен податок

,,

Занаетчиите со кои соработува Еснаф се лица од ранлива категорија, и профитот кој го генерира во целост се реинвестира за нивна обука и надградба на вештини, набавка на материјали и развој на нови колекции кои ги изработуваат тие лица.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Рачна изработка
Предводено од жени
Без пластика
Локално производство
Општествен придонес