Bloom

Што нудиме?
Природна, веганска, рачно изработена козметика. Не содржи вештачки бои, парфеми ни штетни хемиски состојки
Најбарани производи/услуги:
Сапуни, пилинзи, креми за лице и тело
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн нарачки преку нашите социјални медиуми (Instagram и Facebook), а наскоро и преку нашата веб-страница која моментално е во изработка
Информации за достава:
Достава по карго низ цела држава
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Bloom е мал, одржлив бизнис воден од две девојки кои рачно изработуваат природна, веганска козметика која е изработена од чисти масла, путери и есенцијални масла, нема вештачки бои, парфеми ни штетни хемиски супстанци. Сите производи се пакувани во еколошки амбалажи (хартија и стакло), стаклената амбалажа е повратна со цел да се намали отпадот во животната средина. Во палетата на производи може да се најдат сапуни, крем-дезодоранси, крем за сончање, кремови и путери за лице и тело, балзами, мелеми, пилинзи, производи за нега на заби, лице, брада и други. Секој производ е рачно изработен и спакуван со многу внимание и љубов.

No items found.

Интересен податок

,,
/

Купувачите може да ја вратат искористената амбалажа при следната достава, и притоа да добијат симболичен попуст за наредната нарачка.

Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Рачна изработка
Општествен придонес
Локално производство
Повратна амбалажа
Предводено од жени
Органско
Без пластика
Веганско