Bliska

Што нудиме?
Природна веганска козметика унисекс и униејџ козметика која го облагородува телото и ослободува духот.
Најбарани производи/услуги:
Хидролат за лице на база на лаванда, Део крема (најпродавана), Пилинг за тело.
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Oнлајн на мојата веб страна, Онлајн на моите социјални медиуми, Онлајн на Ананас.мк
Информации за достава:
Достава по карго, Лична достава до купувачот, Купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство, Производите може да се подигнат од друга физичка локација
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Блиска произлегува од желбата за остварување на блескаво близок однос со самата себе.Однос кој зрачи грижа, свесност и насмевки, а oтсликува баланс, мир, и свежина.

Идејата се роди од сознанието дека за да бидеме вистински блиски со другите, пред се, значајно е да сме во блескав, јасен, однос исполнет со грижа, со самите себе.

А како да бидеме навистина блиски со себе, ако не знаеме што нанесуваме на нашата кожа и што секојдневно му доверуваме на нашиот најголем и најрецептивен орган во телото?

Кожата е нашата прва граница со светот.Таа нè штити, чувствува и поврзува со она што нè опкружува. Затоа веруваме дека грижата за неа не треба да започнува со ветувања, туку со свесност — да знаеме што користиме, од каде доаѓа и зошто го користиме.

Блиска е создадена од потребата оваа близина да стане дел од нашето секојдневие.Затоа создаваме едноставни, природни и внимателно осмислени производи, водени од почитта кон кожата, природата и она што нè опкружува.

Веруваме во помалку, но подобро, во избори кои имаат смисла и во убавина која не бара компромис со природата.

Веруваме во одржливост што се практикува, а не само се декларира. Затоа секое вратено пакување повторно го внесуваме во нашиот кружен систем, а вие добивате 20% намалување при повторно полнење.

Затоа што грижата за себе не треба да биде на сметка на природата.Таа треба да доаѓа од природата и да ја буди природата во нас.А природата е живот.

Блиска со себе.

Блиска со природата.
Блиска со она што навистина ти е потребно.

No items found.

Интересен податок

,,
Блиска го отворивме многу порано од замисленото, специјално за настанот на Јес фор Лес.

Cо секоја вратена амбалажа, добивате 50денари намалување

За жени кои се борат со рак (на дојка и други форми на рак), се добива бесплатна колекција како добра желба за повеќе природно враќање нега кон себеси.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Предводено од жени
Повратна амбалажа
Рачна изработка
Веганско
Вегетаријанско
Општествен придонес