Bellina

Што нудиме?
Сертифицирана природна и органска козметика и сертифицирана органска храна
Најбарани производи/услуги:
Mossa пигментирана крема за лице со заштитен фактор SPF30, Organic shop пилинг за тело од малини, Novexpert спреј за лице против акни
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во некоја од нашите три продавници во Скопје (за точните локации види ја мапата подолу), на нашата веб-страница и онлајн нарачки преку нашите социјални медиуми
Информации за достава:
Достава по карго низ цела држава
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Bellina.mk е идеја за модерен, современ и здрав начин на живот. За промена на животниот стил кон подобро и за подигнување на свеста кон животната околина, животните, планетата и нашиот индивидуален допринос кон подоброто утре за сите нас. Постоиме од почетоците на 2016-та година, кога започнавме како скромна онлајн продавница за парфеми и природна и органска козметика. „Bellina“ на италијански значи убава, грациозна, а истовремено е назив за вид на орхидеја, којашто се користи во производството на парфеми и козметика. Желбата да донесеме дел од модерните европски вредности, начин на функционирање и начин на живот во Скопје и Македонија, како и желбата да го дадеме својот допринос во подигнувањето на колективната свест, беше и сѐ уште е главен мотив за нашиот секојдневен напредок.

Концептот на нашиот продажен ланец, нашите познати „Bellina Bio Shops“, е нешто што е новитет на македонскиот пазар. Понудата на исклучиво природни и органски производи на едно место, чија гаранција за квалитет е потврдена од најреномираните европски сертификатори, е нешто што не може да се најде на друго место освен кај нас. Обично навикнати сме да гледаме делови за органска храна или природна козметика (ако воопшто ги има) во мали делови од продажните објекти на супермаркетите, дрогериите, аптеките и сл., додека никој освен нас нема понуда, кадешто целокупниот асортиман, без исклучоци, ги следи тие стандарди. Особена гордост и задоволство ни претставува кога посетители и потрошувачи од Грција, Србија, Германија, Франција, Данска и многу други земји ги посетуваат нашите локали и со воодушевување констатираат дека концептот изгледа доста „европски“ и модерно, нешто што е вистинска реткост на нашите простори.

No items found.

Интересен податок

,,
Од самиот старт се двајцата ко-основачи на брендот и идејата Bellina, кој континуирано расте и се развива и моментално брои 21 вработени. Bellina беше и сѐ уште е семеен бизнис, на што сме особено горди, а сите колеги, без разлика на позицијата и хиерархијата во компанијата, ги сметаме за дел од нашето семејство.

Bellina ја има добиено етикетата за Општествен придонес бидејќи на годишно ниво има одреден буџет кој се користи токму за таа цел. Компанијата има организирано хуманитарна акција преку која увозните палети ги предавале на надворешен соработник кој од нив изработувал куќички за миленици. Тие потоа се поставуваа низ различни маала во кои им било дојавено дека има потреба за бездомните миленичиња. Имаат остварено и акција преку која со секој купен производ од линијата Wilda Siberica (козметика за миленичиња) 100мкд од износот на производот биле донирани во шелтерот за миленици Шепасти ентузијасти. Во соработка со Добредојде Македонија Welcome Centre имаат учествувано на базари на кои 40% од износот на продажбата се донирал за разни намени како домови на деца без родители, деца со посебни потреби и сл.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Органско
Веганско
Вегетаријанско
Општествен придонес