Art Cycle Of Recycle

Што нудиме?
Рачно изработен накит од пластични шишиња
Најбарани производи/услуги:
Масивни ѓердани и обетки
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на моите социјални медиуми или физички од с. Шлегово, Кратово
Информации за достава:
Достава по карго, лична достава до купувачот, купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Art Cycle Of Recycle има за цел да ја користи креативноста како оружје за борба против отпадот. Собирам употребени пластични шишиња и преку едноставен процес на рециклирање од нив создавам монистри кои подоцна ги употребувам за изработка на накит.

No items found.

Интересен податок

,,
Главна инспирација за создавање на мојот накит беше тоа што во моето село немаше контејнери и луѓето го фрлаа отпадот во реката која тече пред мојата куќа. Секојдневните глетки од шишиња кои пловат пореката беше главен мотив за да почнам да го создавам овој начин како би можела покрај него и да ја сподела тажната приказна за моето село. После некое време откако на социјалните мрежи и на портали беше објавена мојата приказна, успеав во својата мисија и ги добивме првите контејнери во селото. Сега реката ни е чиста.

Голем број мои познаници ги собираат пластичните шишиња и наместо да ги фрлаат во отпад ми ги даваат за рециклирање. Често со семејството и пријателите правиме мали еколошки акции во нашето опкружување и собираме пластичен отпад од кој одбираме зачувани амбалажи за рециклажа
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени
Локално производство
Рачна изработка
Вегетаријанско
Веганско
Општествен придонес