Kremestare Partywear

Што нудиме?
Kremestare Partywear нуди еколошка и поволна опција за изнајмување или купување луксузна облека за забави, од невестински фустани сѐ до фустани за специјални настани.
Најбарани производи/услуги:
Свечени фустани
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во нашата физичка продавница во Скопје, онлајн на нашата веб страна или пак на инстаграм/фејсбук
Информации за достава:
Достава по карго или подигнување од нашата продавница
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Нашата мисија е активно да придонесеме за кружната модна економија и да промовираме одржливост со тоа што ќе се погрижиме модните предмети да останат во континуиран циклус.

Kremestare Partywear нуди еколошка и поволна опција за изнајмување или купување луксузна облека за забави, од невестински фустани сѐ до фустани за специјални настани. Во нашето студио има микс на свечени креации од локални македонски дизајнери и познати брендови од целиот свет.

Едноставно е: сакаме да изгледате најдобро на секој настан, а сепак да го одржиме нашето ветување кон планетата. Kremestare Partywear е тука да додаде дополнителен сјај на вашите прослави, одговорно.

No items found.

Интересен податок

,,
,,Креместаре" не е егзотичен француски збор. На битолски дијалект значи закачалка за облека во форма на триаголник.

Очекуваме изнајмениот фустан да биде вратен во футролата која што ќе биде првично подигнат, во спротивно би следел пенал.

Долго непродадени парчиња донираме во хуманитарни цели и на дизајнерка која прави нивни upcycle.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени
Рачна изработка
Локално производство
Повратна амбалажа
Општествен придонес