Bilkilife

Што нудиме?
Хербален туризам за сите љубители и за лица со попреченост и производи од лековити билки
Најбарани производи/услуги:
Цветна сол, Цветни колачиња, Мешан зачин со лековити билки
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
на социјалните медиуми, базари и саеми
Информации за достава:
-
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

„БИЛКИЛАЈФ“ е Хербална куќа и  Центар за одржлив развој, преку хербализам и искористување на неговиот потенцијал за туристички и економски цели, социјално претприемништво, циркуларна економија и инклузивност. Грижата за животната средина е наша определба, преку примена на циркуларната економија и зеленото претприемништво, со селектирање и повторна употреба на хербалниот отпад, за искористување на неговиот потенцијал.Нашите активности се насочени кон рурален развој преку  хербалниот туризам, со нови иновативни форми, создавање туристичка понуда за сите граѓани, кои ќе можат да ги користат придобивките од лековитите билки и шумски плодови,  вклучувајќи ги и лицата со попреченост, преку рекреативна тура за лица со попреченост со лековити билки, прва од ваков вид на нашите простори.

Работиме на развојот на претприемништвото во руралната средина, бидејќи има огромно значење, за што работиме на стекнување вештини за искористување на потенцијалот на лековитите билки за бизнис, подготовка на разни категории производи, што придонесува за локалниот економски развој. Преку  научни истражувања, едукација, примена  на современи странски искуства, институционална соработка, да постигнеме одржлив развој на локално ниво, преку искористување на локалните ресурси и капацитети.

Нашата визија е да ги зачуваме  ресурсите на природата, да промовираме иновативни пристапи во решавањето на комплексните социјални проблеми, да влијаеме на поголемо искористување на економските потенцијали на локално ниво и да ги насочиме ресурсите кон економски бенефит за локален развој и економско зајакнување на руралната средина.

„БИЛКИЛАЈФ“ е  социјално претпријатие кое  дел од своите средства ги вложува во подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, во делот на пристапноста во туризмот, создавање услови да користат услуги, како и постигнување еднакви можности за вработливост и нивно економско зајакнување.

No items found.

Интересен податок

,,
Овој бизнис е спој на 3 генерации жени, со мисија да го пренесат знаењето за полезноста на лековитите билки врз здравјето на луѓето, да биде искористено, и билките да бидат ставени во функција на сите лица, да ги уживаат и лицата со попреченост преку хербалната тура. Исто така, да се подигне свесноста за искористувањето на потенцијалот и на хербалниот отпад, нешто што не се третира на нашите простори.

При достава нудиме попуст при враќање на амбалажата

Дел од профитот е наменет организирање хербални тури за лица со попреченост.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Без пластика
Веганско
Вегетаријанско
Локално производство
Органско
Општествен придонес
Повратна амбалажа
Предводено од жени
Рачна изработка