Crux.mk

Што нудиме?
Путери од јаткасти плодови без додатоци
Најбарани производи/услуги:
Путер од кикирики
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Производите се достапни во неколку продавници во Скопје (види ја мапата подолу), и во ДМ дрогериите низ цела Македонија. Освен тоа се вршат онлајн нарачки преку нашата веб-страница или Instagram профил
Информации за достава:
Достава по карго низ цела држава или подигање на производите од локацијата на производство
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Crux е огромна желба на млади луѓе инспирирани од својата цел: да го приближат здравиот начин на живот до сите генерации, преку вкусни и нутритивни производи. Нашето патување започна со отварање на бар за здрава храна, за да продолжи кон производство на путери од јаткасти плодови. Во моментот произведуваме путери од кикирики и лешници, кои секако се појдовната точка на она кое што крајно го имаме како визија. Подготовката на нашите путери е без користење на додатоци, односно 100% природен производ без сол, шеќер и масла. Станува збор за мало производство низ кое внимателно е одбрана суровината, пакуваме тегличка по тегличка во која се задржани сите хранливи материи за да добиеме производ со сите здравствени придобивки кои ги има суровината од која што се прави. Но нашата главна состојка која ги прави CRUX путерите толку вкусни е несомнено љубовта со која го минуваме секој процес, секој ден.

No items found.

Интересен податок

,,
Пред да почнеме со производство на путерчиња, Crux беше бар за здрава храна :)

Работиме на случајот да воведеме повратна амбалажа во текот на 2023 година

Crux ја има добиено етикетата за Општествен придонес бидејќи последниве две години предвидуваат буџет кој се користи за хуманитарни цели и досега тоа било за деца од ранливи категории. За наредната година покрај тоа што ќе донираат за деца, планираат да се вклучат и во еколошки акции.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Без пластика
Веганско
Вегетаријанско
Локално производство
Општествен придонес
Предводено од жени
Рачна изработка